10 дена постпразничен REAL FOOD предизвик

Што претставува овој предизвик?

Овој предизвик, претставува групна програма за 10 дневна исхрана, во која ќе јадеме претежно “вистинска храна“, т.е. природна и непроцесирана храна, и ќе се обидеме да ги неутрализираме сите опуштања кои си ги дозволивме во текот на празниците, а ќе се обидеме да се ослободиме од вишокот на телесна маса која си ја “заработивме“ во текот на празниците. Учесниците кои што сакаат да ослабнат, ќе добијат посебни насоки и правила за слабеење, а учесниците кои само сакаат да се хранат здраво 10 дена, со контролирани и избалансирани оброци, креирани од страна на дипломиран нутриционист, исто така ќе си добијат препораки и насоки за да си ја постигнат својата цел.

За кого е наменет овој предизвик?

За здрави лица, и лица кои имаат полесни и исконтролирани здравствени проблеми, кои не бараат специјална индивидуална исхрана.

Кога започнува?

Започнуваме на 20-ти јануари, а на 19-ти јануари добивате пристап до инстаграм профилот/фб групата на предизвикот, добивате шопинг листа, и го добивате менито за предизвикот, за да имате време да се подготвите.

Што добивате?

10 дневно мени (класично и вегетаријанско мени) со вклучени рецепти

10 дневна поддршка - од мене и од целата група

Совети, консултации, насоки и контрола 

Цена?

590ден

Начин на пријавување?

Откако ќе извршите уплата на предизвикот (според податоците кои ви се дадени подолу), испратете ми потврда за уплата (слика од уплатница, потврда за електронска уплата...), во порака (фб, инстаграм, или маил: maja.velkovska278@gmail.com), и на 19-ти јануари ќе бидете одобрени на предизвикот (фб или инста, вие бирате каде). Доколку сакате да ја подарите програмата на некому, пишете ми на кого му ја подарувате програмата, и, или мене испратете ми контакт од учесникот, за јас да го исконтактирам, или на учесникот испратете му контакт од мене, за тој да ме исконтактира.

Како отприлика изгледа едно дневно мени, во текот на овој предизвик?

Вообичаено се држиме до тоа да имаме три оброци во текот на денот: појадок, ручек, вечера (лицата кои ќе имаат потреби од ужини ќе добијат препраки и за ужините), со тоа што појадокот е вообичаено комбинација од овошје, житарки, интегрален леб, намази, семки/јатки итн, ручекот е генерално традиционален македонски оброк - во поздрава варијанта, а вечерите се полесни оброци составени од салати и додатоци.

Податоци за уплата:

Цел на дознака: 10 дена предизвик

Примач: Нутрика Маја ДООЕЛ с. Ваташа, Кавадарци

Банка на примачот: Централна Кооперативна Банка

Трансакциска сметка: 320100027367387

Шифра: 289

ПП30 или ПП10







No comments:

Post a Comment

@the_healthier_you_