Што претставува оваа работилница?
Оваа работилница е замислена како интерактивно онлајн предавање, по што ќе следува дискусија, на темата која е дадена во насловот. Целта е да се едуцираме за тоа како се појавува дебелината и како да се справиме со неа, да разбереме што се случува во телото кога се соочуваме со оваа состојба и најважното - како со храната да се обидеме да си помогнеме при оваа состојба.
Место, датум и време?
ZOOM, сите пријавени ќе добијат линк за следење на предавањето, неколку часа пред почетокот на предавањето. Работилницата ќе се одржи на 18-ти март- четврток, со почеток во 19ч. Работилницата би требало да трае околу 1 час до 1 час и половина (зависно од дискусијата и прашањата што ќе се развијат на крај). На крајот ќе имаме можност и за прашања, на оваа тема и ќе се обидете да одговориме на сите прашања, на кои имаме одговор, а на тоа што не можете да одговориме ќе одговориме во некоја друга прилика.
За кого е наменета оваа работилница?
За лица кои што се соочуваат со вишок на телесна маса. Исто така работилницата е наменета и за сите лица кои сакаат да се едуцираат на оваа тема, а немаат никакви здравствени проблеми, или за лица кои во својата околина имаат познаници со вакви здравствени проблеми, па можат да им ги пренесат научените информации.
Што ви е потребно за да ја следите работилницата?
Потребно е да имате апликација ZOOM за да можете да го следите и да учествувате во предавањето, и потребно е да се пријавите на работилницата.
Начин на пријавување и цена на работилницата?
Цената е симболична и изнесува 100ден.
Откако ќе извршите уплата на работилницата (според податоците кои ви се дадени подолу), испратете ми потврда за уплата (слика од уплатница, потврда за електронска уплата...), во порака (фб, инстаграм, или маил: maja.velkovska278@gmail.com), и на 18-ти март ќе добиете линк за следење на работилницата. Доколку сакате да подарите учество на некому, пишете ми на кого му подарувате учество, и, или мене испратете ми контакт од учесникот, за јас да го исконтактирам, или на учесникот испратете му контакт од мене, за тој да ме исконтактира.
Податоци за уплата:
Цел на дознака: Работилница за дебелина
Примач: Нутрика Маја ДООЕЛ с. Ваташа, Кавадарци
Банка на примачот: Централна Кооперативна Банка
Трансакциска сметка: 320100027367387
Шифра: 289
ПП30 или ПП10
No comments:
Post a Comment