Sunday, November 29, 2020

Која сум јас?


Здраво на сите


Јас сум Маја и сум дипломиран нутриционист


Целта на THE HEALTHIER YOU е да ве обезбеди со информации и поддршка што ќе ви помогне да станете поздрава верзија од самите вас.


Сакам да ви посакам добредојде во мојот несовршен свет, свет на несовршени слики од оброци, свет на текстови напишани во брзање, но свет на совршено корисни информации.


Ова не е уште еден модерен и прекрасен блог, туку ова е едноставно место каде што ќе можете да најдете научно базирани информации или мои искуства од работата со клиенти.


Ова е уште еден one man show проект, и изгледот на блогот нека не ве одврати од тоа да прочитате многу корисни совети за вашето здравје и живот, бидејќи целта е информациите да се бесплатни, а не многу убаво спакувани.


Можеби веќе ме познавате од инстаграм, а за тие што не ме познавате, јас сум совршено несовршена личност, често несериозна во постови и на стори, ама сум совршено сериозна кога размислувам и ве советувам што да превземете за да станете поздрава верзија од самите вас.


Дипломирав како студент на генерација (просек 10), на ТТФ- Велес, насока - нутриционизам, но со завршувањето на факултетот, не заврши и мојата дополнителна доживотна едукација.


Не сум креативна личност, но знам да “гуглам“ и да се снајдам. 


Некогаш сум претерано организирана, но учам да бидам и флексибилна.


Не сум најфината личност на планетата земја, но тука сум секогаш кога ви требам.


Не сум баш фан на нови работи и постојано учење, не уживам во тоа постојано да излегувам од комфортната зона, но секој ден се предизвикувам себе си да се борам против ова и на крај, излегувањето од комфортната зона и учењето или креирањето на нешто ново ми претставува многу големо задоволство.


Дали сте подготвени за поздравата верзија од самите вас?


Ако не сте, како што и јас никогаш не сум подготвена за секоја нова работа што ќе ја започнам; сакам да ви кажам дека да сега е идеалното време за да започнете, такви неподготвени, во хаосот наречен живот, сега е вистинското време.


Па, да започнеме ❤


За крај, моето животно мото е:

Не барај изговори, затоа што секогаш ќе ги најдеш, барај начини затоа што иако изгледа како никаде да ги нема, тие постојат, а твое е да ги најдеш ❤

No comments:

Post a Comment