Wednesday, December 2, 2020

Живот без настинки, вируси и бактерии?

Размислував со која тема да започнам, и замислете ќе започнеме со вирусиве, настинките, бактериите, затоа што моментално тоа ни е секојдневие. 



Зошто јас зборувам на оваа тема? Затоа што е поврзана со здравје, затоа што е потребна и затоа што непланирано “посетував“ 4 и пол годишен лајв курс на оваа тема, преку кој научив навистина многу нешта, и плус имав можност да ги применам сите тие работи во пракса.


Во овие текстови повеќе ќе се фокусираме на децата, но истото важи и за возрасните.


Сакам да ви кажам дека, да, нормално е децата да се настинуваат, да се разболуваат, и нормално е тоа да е често (кај мали деца и 8-9 настинки годишно се нормална работа), само ајде да кажеме дека не е баш посакувано и нормално скоро секоја настинка да заврши со антибиотици и други лекови, поради тоа што иако антибиотиците и останатите лекови кои денес се користат во преголема мера (лекови како дексаметазон, вентолин - салбутамол, пулмикорт - будесонид...) можеби ви изгледа дека ви помагаат моменталано (и сигурно помагаат), но тоа не значи дека се неопходни баш во секоја ситуација, а и факт е дека нивната долгорочна и честа употреба има и негативни ефекти по здравјето.


Живот без вируси, без настинки и бактерии, не е реална желба и замисла, а на крај не е ни здрава желба и замисла.


Вирусните и бактериските инфекции во детството, му се потребни на секој имун систем за да се развие правилно и да креира и запамти што повеќе видови на антитела, кои понатаму ќе не штитат од повторно заразување со истите вируси/бактерии, но потенцијално ќе не штитат или барем ќе овозможат поблаги форми на болести предизвикани и од други вируси и бактерии. 


Да, и мене не ми се допаѓа замислата за болно дете, температура 39-40, кашлица од која нема спиење, затнато носе поради кое често нема ни јадење, но мораме да сфатиме дека колку и страшно да изгледа сето тоа, скоро нормално е.



Значи целта на вас како родители, секогаш треба да ви биде да ги минимизирате шансите за компликации при вирусни и бактериски инфекции, и да сторите се што е во ваши раце за да му овозможите на детето полесно да ја надмине болеста и побрзо да се опорави по прележување на болеста. А да се стремите да живеете во стерилен свет, и да се обидувате да го избегнете баш секој вирус и бактерија со кои детето може да се сретне, не е ниту реално изводливо ниту пак здраво.


Секој си ја знае својата ситуација најдобро, и факт е дека ретко има универзален совет - применлив за секоја ситуација, но за повеќето случаи, важат сите работи кои што ги кажавме тука.


На крај само сакам да кажам неколку нешта за да ги охрабрам родителите на “фати го секој вирус што ќе го сретнеш“ дечиња. 


Да, некои дечиња се раѓаат природно поимуни на разни инфкеции (има многу фактори кои што влијаат, наследни, пренатални итн. кои не се мое поле на интерес и образование), и понесклони кон тоа да ги фатат “сите“ инфективни агенски со кои ќе се сретнат, а некои дечиња за жал природно се раѓаат со поголема склоност кон обратниот случај од даденото погоре. 


Тоа што некој има здраво дете кое успеало да не се разболи до сега, скоро никогаш не е резултат на супермоќите на тој родител (иако денес за жал е популарно дури и природните склоности на децата да се препишуваат на супер родителството), а тоа што вие не можете да кренете глава од инфекции исто така исклучително ретко е резултат на вашите родителски неспособности. 


Зборот ми е, во никој случај не споредувајте две различни деца, две различни ситуации, две сосема различни околини на живеење, затоа што секое дете е приказна сама за себе.


Сепак тоа не значи дека се предаваме, дека борбата е завршена, и дека нема ништо друго што можеме да сториме. Напротив, тука сме да го кажеме спротивното, да вашата борба е потешка, и секогаш ќе треба да се трудите повеќе (на полето - здравје), ама скоро сигурно има некои нешта кои што за жал не сте ги знаеле до сега, а кои може да му помогнат на вашето дете да стане поздрава верзија од моменталната. 


Најверојатно, болежливото детенце, сепак ќе остане поболежливо детенце, но од прележување вирус 1-2 недели со силни терапии и компликации, до прележување вирус за пократко време, без компликации и со природни “лекови“ има огромна разлика. Е ние сме тука за да го кажеме ова, како понекогаш можеме да стигнеме до тоа - полесно, поприродно и со помалку штета да надминеме некои работи и како да ја прифатиме реалноста без грижа на совеста и без непотребен емоционален товар.


До следно слушање, останете живи и здрав и билдајте имунитет, секако <3 

No comments:

Post a Comment