Sunday, January 3, 2021

Цени и услуги

 

Кои услуги и производи ви ги нуди Диет Клуб Нутрика

Клиентите кои веќе имаат користено услуги на Диет Клуб Нутрика, и имаат досиеја во клубот (претходно користеле програми за исхрана во клубот), индивидуалните програми за исхрана ги плаќаат по цена од 1500ден месечно.

Нови клиенти кои немаат досие и немаат земена анамнеза, првата програма за исхрана за 4 недели ја плаќаат по цена од 2000ден, а секоја следна по цена од 1500ден:

1. Индивидуална програма за исхрана за 4 недели (цена: 2000ден за прв месец за нови членови и 1500ден за секој следен месец (и за стари членови))
- во оваа услуга ви е вклучен индивидуален план за исхрана за 4 недели (мени), земање анамнеза, 4 консултации, предлог рецепти, совети, водич за здрава исхрана и за исхрана при слабеење или исхрана при вашата здравствена состојба, и комуникација со мене во текот на целиот месец (во текот на работната недела). Планот во оваа програма се изработува лично и специфично за секој клиент, врз основа на информациите што ги добивам од клиентот - во разговорот кој претходно го вршам.

Што треба да направите за да добиете индивидуална програма за исхрана за 1 месец? Треба да закажете термин за телефонски разговор (или разговор во канцеларија) во порака, да ми ги испратите потребните податоци за вашата здравствена состојба на меил (крвна слика, дијагнози и терапии), и после извршување на разговорот ја добивата првата листа од програмата за исхрана (за 1 недела). Еднаш неделно се конролираме - и по контролата ја добивате следната листа. Програмата вообичаено се состои од две различни 7 дневни менија, кои ги повторувате два пати.

За што може да биде наменета индивидуалната програма за исхрана? 

За слабеење, за поддршка во третманот на некои болести кои се поврзани со исхраната, за покачување на телесна маса, за диетотерапија при одредени состојби и болести кои се третираат со правилен начин на исхрана итн.

Начин на плаќање: преку уплата на трансакциона сметка или плаќање лично - во канцеларија, пред добивањето на првата листа за исхрана, целиот износ се уплаќа одеднаш.


Начин на плаќање: преку уплата на трансакциона сметка (или плаќање, лично - во канцеларија), после добивањето на првата листа за исхрана. Овој план се плаќа на три месечни уплати, од кои првата уплата изнесува 2000ден и се плаќа по добивањето на првата листа за исхрана, втората уплата изнесува 1500ден и се плаќа по започнување на вториот месец, и третата уплата изнесува 1000ден и се плаќа по започнувањето на третиот месец.

 Останати услуги кои ги нудиме се:

2. Консултација (цена: 500ден) - разговор во траење од 40-60мин со клиентот, и совети во однос на неговите потреби (здравствени проблеми, совети за здрава исхрана, совети за исхрана на мали дечиња или посебна група на население). Вообичаено добивате и совети во пишана форма за да ви биде полесно да го примените сето тоа што сакам да ви го кажам.

Што треба да направите за да добиете лична консултација со нутриционист? Да закажете термин за разговор или средба во канцеларија, во порака или телефонски.

Начин на плаќање: преку уплата на трансакциона сметка, или уплата лично, во канцеларија (уплатата се врши после извршениот разговор).

3. Групни програми за исхрана:

Следете ме не инстаграм за навреме да бидете информирани и за групните програми кои ги нудиме, но кои не се активни - постојано. Овие програми функционираат на принципот - едно исто мени за сите учесници, со дадени правила за замена на оброци и индивидуални насоки и следење на секој учесник. Овие програми за одлични како прво искуство на соработка со нутриционист, или како сезонски интервенции за слабеење, и се со поповолни цени за разлика од индивидуалните програми. Овие програми за исхрана не се соодветни за лица со поголеми здравствени проблеми, и не се наменети за да се третира здравствениот проблем кој што го имаат.

Начин на плаќање: преку уплата на трансакциона сметка, пред започнување на групната програма. Овие програми се плаќаат пред нивното започнување, и програмите ги добивате само после извршена уплата исто така после извршена уплата добивате и пристап до затворен инстаграм профил - кој ни служи за меѓусебна поддршка и следење на прогресот од програмите за исхрана за слабеење.

4. Прирачник за исхрана на доенчиња и мали деца, до 3 годишна возраст, печатена верзија (цена: 990ден)

5. Прирачник за исхрана на доенчиња и мали деца, до 3 годишна возраст, електронска верзија (цена: 690ден)

Добивате е- книга која ги опфаќа следните теми + гратис онлајн консултација: 

ПОГЛАВЈЕ 1 Ексклузивно доење- најчести прашања и предизвици во текот на ексклузивното доење?

ПОГЛАВЈЕПрва дохрана 6+

ПОГЛАВЈЕ 3 Дохрана до 12-тиот месец

ПОГЛАВЈЕ 4 Исхрана во периодот од 1-вата до 3-тата година

ПОГЛАВЈЕ 5 Важни нутриенти во исхраната на бебињата и децата до 3-тата година, и како да ги внесете овие нутриенти преку исхраната

ПОГЛАВЈЕ 6 Исхрана при одредени здравствени состојби

ПОГЛАВЈЕ 7 Како до безбедна храна за вашите најмали

ДОДАТОК 1 Како да креирате мени за исхрана на бебиња на возраст од 6 месеци до 3 години

ДОДАТОК 2 Стандарди за раст и развој на доенчиња до 12 месечна возраст

6. Водич за исхрана на доилки електронска верзија, (цена 1190ден)

7. Водич за исхрана на доилки печатена верзија, (цена 1490ден)

Добивате е - книга која ги опфаќа следните теми:

Која храна може и треба да се консумира при доење?. 4

Што не треба да се консумира при доење?. 5

Дали сите доилки треба да избегнуваат одредени производи како мешунки, цитрусни овошја, млечни производи итн?. 7

Доколку бебето има грчеви, дали мајката треба да ја промени исхраната и што смее да се јаде, а што не смее да се јаде кога бебето има грчеви?. 8

Која храна придонесува за зголемена лактација?. 10

Исхраната на мајката и алергиски реакции кај бебето. 11

Колку калории треба да се внесуваат при доење?. 12

Колку течности треба да се пијат при доење, и што се препорачува да се пие од страна на течности?  13

Дали може мајката доилка да се храни на вегетаријански или вегански начин?. 14

Кои витамини и минерали се најважни во текот на доење, и дали мајката доилка има потреба од употреба на одредени суплементи?. 14

ПРЕДЛОГ МЕНИ – КЛАСИЧНО МЕНИ.. 17

ПРЕДЛОГ МЕНИ – ЕДНОСТАВНО МЕНИ (помалку готвење) 18

ПРЕДЛОГ МЕНИ – ВЕГЕТАРИЈАНСКО МЕНИ (+ ПРЕПОРАЧАНА СУПЛЕМЕНТАЦИЈА) 19





No comments:

Post a Comment