Sunday, January 3, 2021

Вистината за имуностимулаторите

Најпопуларната тема денес - Имун Систем



Денес ќе зборувам на тема имуностимулатори.

Во овој период ќе слушате многу за разни производи кои имаат имуностимулаторен ефект, па да разјаснеме неколку нешта.

Да кажам само на почеток дека јас немам ништо против природни имуностимулатори, ама баш не сакам кога приказните се раскажуваат наопаку.

Што е тоа имуностимулатор?
Имуностимулатор е супстанца која ја засилува работата на имуниот систем.

Епа тоа мора да е добра работа нели?
Па не баш.

Зошто?
Заради тоа што вам не ви треба силен и моќен имун систем што кога ќе се активира уништува се пред себе, туку вам ви треба еден паметен имун систем кој ќе се стреми да постигне максимален ефект со минимална штета. Моќен и силен имун систем не е исто што и разумен и здрав имун систем.

Дали користење на имуностимулатор и затварање на очи пред се друго што е важно за добар имун систем, е баш добра идеја за да имате многу силен имун систем?
Апсолутно не е добра, всушност може да биде и лоша.

Зошто?
Епа замислете дека имате еден збунет имун систем, кој е уморен од справување со последиците од нездрава храна, нездрав начин на живот, супресиран од страв, негативни мисли и константно незадоволство и бесцелност во животот, кој што “не знае кај тера“ и многу лесно може да измеша што е туѓо а што е свое, и потоа замислете дека вие ја стимулирате, т.е. ја зајакнувате работата на баш таков имун систем.
Не звучи баш добро нели?

Во замислата додајте го фактот дека тековно си имаме и пандемија на автоимуни болести, а не пандемија на имунодефициентни состојби, и треба да ни стане јасно дека причината за проблемите со имуниот систем, не е недоволна употреба на фармацефтски производ за стимулирање на имуниот систем, туку нешто друго, нели?

Сега само сакам да разбереме дека решението на денешните проблеми со имуниот систем, не е во тоа само да ја стимулирате неговата работа, и ништо друго не е важно.

Стимулирање на работата на имуниот систем не е првата глава од книгата “имун систем“, туку последната, и за жал ако оваа книга ја читате само за да го видете крајот и си го сфаќате тоа здраво за готово, веројатно ќе си напишете не толку славен крај.

Следно мислам дека ќе зборуваме за тоа што можете да направите за да му обезбедите оптимални услови за работа на вашиот имун систем.

Инаку ако ве буни тоа што јас пишувам за имун систем, сакам само да кажам дека имам полагано (и положено 😁) имунологија на факултет, што ме квалификува за онлајн експерт за имунологија 😂
Малку сарказам на крај won't kill us 😉 

Ви приложувам и линк од релевантен извор, за да се уверите дека зборуваме за важни работи и зборуваме за вистина и наука.

Останете ми живи и здрави и разберете ја вистината за имуностимулаторите!

No comments:

Post a Comment